СДСМ: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Од:

„Владата предводена од СДСМ неодамна реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните, кое се однесува на ранливите категории граѓани и кое обезбедува заштита на лицата кои се во социјален ризик.

Неодамнешното потпишување на Меморандумот помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија, со којшто извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата кои се приматели на социјална помош, ги заштитува правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што се спречува блокирање на нивните сметки.

Со потпишувањето на Меморандумот, Владата предводена од СДСМ ја изразува подготвеноста за соработка на полето на спроведување на социјалната политика и на Законот за извршување. Соработката ќе се темели согласно прописите за заштита на личните податоци и согласно начелата и постапките предвидени во Меморандумот за соработка.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и посветено спроведување на реформите што обезбедуваат квалитетен живот за сите и истовремено ја промовираат и унапредуваат социјалната правда и ги заштитуваат лицата – приматели на социјална помош“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски