Nissan претстави подобрена верзија на GT-R, со повеќе сила од моторот и подобрена шасија.
3,8 литарскиот V6 bi-turbo мотор развива 550 КС, доволни за забрзување до стотка за вратокршачки 2,7 секунди, односно максимална брзина од преку 310 km/h.
Сите овие подобрувања само додаваат на она што во моментов е најнапредниот и најневеројатен суперавтомобил, кој нуди перформанси какви имаат неколку пати поскапите и извикани конкуренти.