При бунт во затвор во бразилската сојузна држава Гојас убиени се девет затвореници. Бунтот започнал како судир на две затворски банди, но набргу се претворил во општо бегство.
Стражарите 2 часа се обидувале да ја доведат ситуацијата во затворот под контрола и да започнат потера по побегнатите затвореници, при што успеале да уапсат само триесетина од нив.
Доброволно по бегствтото во затворот се вратиле уште 127, други затвореници, а според медиумите 106 затвореници избегале.