Македонија годинава ќе потроши повеќе енергија од лани

Од:

Оваа година Македонија ќе потроши за 2,7 отсто повеќе финална енергија отколку минатата година, предвидува Енергетскиот биланс за 2018 година. Најголемо учество ќе имаат нафтените продукти со 51,5 отсто, по што следува електричната енергија со 28, биомасата со 10,5 и јаглен со 5,3 отсто.

Енергетскиот биланс беше разглед на седницата на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), каде што беше истакнато дека 39 отсто од вкупната потрошувачка на финална енергија ќе ја апсорбира сообраќајот, 27 отсто индустријата, 26 отсто домаќинствата, пет отсто комерцијалниот и услужниот сектор, еден отсто земјоделијето…

Производството на електрична енергија се предвидува да изнесува 5.766 гигават часови или за три отсто повеќе од 2017 година.

Предвидените потреби од енергија за 2018 година се за два отсто пониски во однос на 2017 година. Споредено со 2017 година, најголем раст се забележува кај природниот гас од 14 отсто, како резултат на најавите за зголемено производство од „ТЕ-ТО“. Во 2018 година се предвидува нафтените продукти да учествуваат со 39 отсто во потрошувачката, јаглените со 31 отсто, биомасата со осум, природниот гас со девет, хидро енергијата со четири, а ветерната, геотермалната, биогасот и соларната енергија со нешто над нула отсто. Нето увозот на електрична енергија, пак, ќе учествува со осум отсто.

За оваа година се предвидува и трошење на 292,9 илјади нормални кубни метри гас од кои 244 илјади за производство на електрична и топлинска енергија. За финална потрошувачка се предвидени 47,4 илјади нормални метри кубни гас, од кои 39,9 илјади за индустријата, 7.084 за комерцијалниот и услужниот сектор, 190.000 за сообраќајот и 202.000 за домаќинствата.

Потрошувачката на нафтени продукти се прогнозира дека ќе биде иста како во 2016 година. Потребите на јаглен се оценуваат на вкупно 5.486,5 килотони од кои само 76 килотони ќе бидат увезен висококалоричен лигнит и 22,1 килотон кокс, а останатите нискокалоричен домашен лигнит. Најголем дел од јагленот ќе се употреби за производство на електрична енергија.

Вкупните потреби од биомаса се предвидува да бидат 1.153,7 илјади метри кубни огревно дрво, 46,6 килотони дрвени отпадоци, брикети и пелети и 30,6 илјади метри кубни дрво од овошни насади или друг вид на растителни отпадоци. Од вкупните количини на огревно дрво 1.104,3 илјади метри кубни се предвидуваат да се потрошат во домаќинствата.

Енергетскиот биланс е индикативен плански документ во кој се прикажуваат потребите од вкупните количества на енергија и од одделни видови енергија во земјата и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он