Нухиу: 2018-та ќе биде година на некомпромисното справување со криминалот и корупцијата

Од:

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес беше во работна посета на Полициската станица Гостивар каде што се сретна со раководството на на оваа организациона единица при СВР Тетово.

„На денешнава средбата со полициските служби на Гостивар, со цел да се одбележи првиот ден на новата година, сакам истовремено да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата против кримималот, корупцијата и другите видови на криминал. Ќе се гони секој еден кој нема да подлежи на апсолутниот авторитет на законот. Верувам дека 2018-та ќе биде година на некомпромисното справување со криминалот и корупцијата, дури и ако е дел од структурите на полицијата и на државата. Нека биде берикетна Новата година!“, истакна меѓу другото заменик министерот Нухиу.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец