Пријавување новороденчиња во Скопје на едно место, изводот за пет дена

Од:

Од денеска раѓање на новороденче на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Управата за водење матични книги (поранешна Комерцијална банка). Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена и ќе може да се подигне во месните општински канцеларии во целата држава.

На едно место ќе се изврши бесплатно пријавување на раѓањето на новороденчињата од петте родилишта во Скопје: Гинеколошко акушерската клиника Скопје, Мајка Тереза Чаир, Св. Лазар, Систина и Ремедика, а не како досега во општините кајшто се овие здравствени установи. За пријавување е неопходно еден од родителите да дојдат на шалтерите за водење матични книги во скопското подрачно оделение на Управата, при што треба да приложи две важечки лични карти, венчаница или изводи за родени од двајцата родители.

Би можело да ве интересира

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Уставниот суд ги поништи изводите со графата националност

A1on

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

A1on

Уставен суд ќе ја оценува уставноста на Упатството за водење на матични книги

„Стани Бугарин за само 250 денари“: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски