Вооружен напаѓач отвори оган од огнено оружје во близина на Коптска црква во Каиро, при што се убиени најмалку десет луѓе, јавија западни медиуми.
При одговорот на ицидентот, застрелан е напаѓачот.
Инцидентот се случи во квартот Хелван, во јужниот дел од египетската престолнина. Дел од западните медиуми јавуваат за еден напаѓач, додека државната новинска агенција МЕНА наведе дека во нападот учествувале неколкумина терористи.