ЕК издвои 65 милиони евра за Косово

Од:

Европската комисија издвои 65 милиони евра за помош за реформите и изградбата на правосудниот систем на Косово, соопштено е денеска во седиштето на Комисијата во Брисел.

Покрај финансирањето на правосудството, парите ќе бидат насочени и кон регионални проекти за подобрување на животните услови на Ромите, Ашкалиите и Египќаните на Косово, како и за унапредување на руралниот развој, се наведува во соопштение на ЕК.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе по овој повод изјави дека овие средства ја одразуваат подготвеноста на ЕУ да изгради ефикасна јавна управа, администрација и судови и да ја подобри положбата на малцинствата, како и на сите кои живеат на Косово.

Еден дел од парите ќе биде издвоени за покривање на трошоците за тековниот дијалог Белград-Приштина за „нормалиазација на односите меѓу Косово и Србија“, се наведува во соопштението во кое покрај зборот Косово е додадена ѕвездичка, во согласнопст со договорот за регионално претставување, што беше постигнат минатата година.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина