Инвестиции од ОАЕ во Србија од стотици милиони евра

Од:

Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ изјави дека Србија е на чекор од потпишување повеќе договори за инвестиции од Обединетите Арапски Емирати со вкупна вредност од неколку стотини милиони евра.

„Србија со ОАЕ договори бизниси и инвестиции кои се нешто најмногу до сега постигнато во билатерланите односи со некоја земја“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека е задоволен од резултатите од посетата на Белград на шеикот Мухамед бин Зајад ал Нахјан кој изразил подготвеност да инвестира во Србија и во работи кои нема да му донесат заработка, но ќе помогнат за развој на Србија.

Првиот договор за инвестиции од Емиратите во Србија ќе биде потпишан оваа недела во Абу Даби за вложувања на компанијата Ал Дахра во српското земјоделство.

Се планира заедничо вложување во земјоделството, а ќе се изработуваат и системи за наводнување, карго центри и вработување на многу луѓе.

Следната недела ќе биде потпишан договор за голема инвестиција од Емиратите која се однесува на наменската индустрија во Србија, во вредност од сто милиони евра, а до крај на месецот ќе бидат потпишани уште два договори од истата област.

Вучиќ најави и дека Емиратите ќе инвестираат во високата технологија и комјутерско призводство во Србија, во ЈАТ техника и други компании.

Емиратите според најавите можно е вложат и во обнова на зградата на Генералштабот во центарот на Белград која беше оштетена во НАТО бомбардирањето во 1999. година.

„На тоа место наместо урнатини ќе се гради ексклузивна зграда, а Србија ќе им подигне споменик на сите кои настрадаа во нАТО агресијата“, реча Вучиќ.

Обединетите Арапски Емирати имале потреба за медицински персонал и побарале од Србија соработка на тоа поле како сигурен партнер во медицината.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад