МВР со награда за полицајците кои исфрлаа пратеници од Собранието

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) парично ги награди полициските службеници кои на 24 декември „обезбедиле непречено функционирање на институциите во државата“, објави Плусинфо.

Освен 1.400-те полицајци што беа ангажирани пред и во Собранието наградени се и други полициски службеници, потврди за Плусинфо помошникот за односи со јавноста на министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

За месец декември, по основ на зголемен обем на работа, парична награда добија полициски службеници. Што се однесува до ангажираните полицајци на 24 декември во и околу Собранието на Република Македонија, МВР уште тогаш јавно им се заблагодари на сите полициски припадници, кои крајно професионално си ја завршија својата работа. Благодарение на нивната воздржаност не подлегнаа на провокациите. Не дозволија да ескалира ситуацијата, дури и кога ги газеа, туркаа. Полициските службеници останаа присебни и во своите законски надлежности овозможија непречено функционирање на институциите – вели Иво Котевски, помошник за односи со јавноста на на министерот за внатрешни работи.

Паричната награда, неофицијално, се движела од 50 до 200 евра. Сепак, Котевски вели дека висината на паричната награда не ја знае, бидејќи требало да се провери за секого во платните списоци.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање