Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ е формиран со цел демократизација, модернизација и европеизација на нашата партија. Во таа насока, во целост го поддржуваме процесот на изменување и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во насока на негова демократизација. Сигурни сме дека истиот процес ќе даде дополнителна вредност на ВМРО-ДПМНЕ, велат од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
„Од страна на Републичкиот штаб формирана е работна група во состав Петар Богојески, Илија Илијовски, Драган Лазаров и Александар Стојчевски, кои ќе ги презентираат нашите аргументи и предлози во таа насока. Во процесот ќе се направи детална анализа на статути и други слични акти на сестрински партии, членки на Европската народна партија, за што поголемо приближување до европските стандарди“, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека согласно со објавените заложби на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, статутарната комисија почнува постапка за измена и дополнување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ.