Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ: Партијата треба да се реформира ако сака да се нарекува ВМРО

Од:

Петар Богојески, како што информираше преку својот фејсбук профил, одлучил да го стави во мирување своето членство во партијата ВМРО-ДПМНЕ, за да биде независен кандидат за пратеник.

Тој истакна дека никогаш нема да прифати членство во друга политичка партија, а неговото повторно активирање во ВМРО-ДПМНЕ е условено од развојот на настаните во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција.

„Најголем срам за еден реформатор е да постане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!

Изминативе 25 години (од мои 15 до 40 години) бев активен член на партијата. Имам и добри и лоши спомени… премногу емоции… победи и порази… стекнати и изгубени пријателства… но горд на мојата посветеност на партискиот активизам!

Причината да станам дел од ВМРО ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската Кауза, убеден во Идејата, со желба да го продолжам Делото на Организацијата! Во далечната 1995 година, јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО ДПМНЕ… поинаква изјава… поинаков Статут… поинакви цели и вредности… други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес не остана скоро ништо од тоа дамнешно ВМРО ДПМНЕ, во кое се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини!“, напиша Богојески.

Би можело да ве интересира

Богојески: Македонски концепт е единствена и уникатна понуда која гарантира промена на власта

А1он

ВИДЕО: ФРОДЕМ и дел од реформаторите формираат фракција во ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

„Реформаторите“ ги поддржуваат измената и дополнувањето на статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Централен Штаб на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Реформаторите ги здружуваат силите со десничарските фракции во ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Можно е „Реформаторите“ да предложат кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски