(ВИДЕО) Анѓушев: Домаќинствата се виновни за загадувањето, не индустријата

Од:

Изворите на загадување се детектирани. Првиот извор за загадување е загревањето во текот на зимските месеци, потоа автомобилите, а, пак, третиот е индустријата. Вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи на пратенички прашања рече дека треба да се дејствува против причинителите бидејќи треба да се сфати дека граѓаните не треба да се греат на дрва, ќумур или други извори на гасови кои се штетни.

„Единствен начин за решавање е замена на горивата. Секаде каде што има горива кои предизвикуваат загадување, да се сменат. Гасификацијата треба да се реши. Ако зборуваме за градот Скопје, треба да почне од надворешниот дел кон Центар. Вториот извор на загадување се автомобилите, а најштетен момент беше увезување на постарите автомобили кои го донесоа овој проблем. Подобро е да најдеме начин како да ги субвенционираме автомобилите кои работат на гас и електрична енергија. Во однос на индустријата, ве потсетувам дека ‘Јухохром’ не почна да работи додека не стави филтри“, рече Анѓушев.

Според вицепремиерот, сè е санирање на штети, додека не се најде решение за причинителите. Во индустријата, додаде тој, треба да се воведат еколошки стандарди, без отстапки, а со тоа се решава дел од проблемот. Кога во прашање е гасификацијата, тој вели дека во Македонија тоа е само една цевка која се протега низ повеќе градови. Сега, според него, се гради гасоводна мрежа која ќе се приклучи на цевководот од „Гама“, а ќе биде решение кое ќе постигне гасоводот да биде 100 проценти сопственост на државата.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги