Бочварски: Намалување на цената на водата за пиење

Од:

Во текот на предизборието најавив намалување на цената на водата за пиење за десет проценти, рече градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и додаде дека намалувањето ќе се одвива етапно.

„Според Решение за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење за регулиран период од 2018 до 2020 г. коешто беше доставено од страна на Регулаторна комисија за енергетика, а по барање на ЈП „Исар“, цената на водата за пиење се намалува.

Направивме избор да ја избереме минималната просечна тарифа понудена од Регулаторната комисија за енергетика, со што ќе се одржува рентабилноста на ЈП „Исар“, но ќе се заштити интересот на граѓаните. Во 2018 г. цената на вода за пиење за домаќинства и јавни институции ќе изнесува 33,73 денари или за 5% помалку во однос на досегашната тарифа.
За 2019 година предвидено е уште едно петпроцентно намалување на цената на водата за пиење, со кое цената ќе изнесува 31,96 денари за домаќинства и јавни институции, односно за 5% помалку во однос на тарифата за 2018 година. Со тоа ветувањето за десетпроцентно намалување на цената на вода за пиење ќе биде во целост исполнето.
Исто така, во регулираниот период ќе има намалување на цената на вода за пиење за 9% за правни лица, којашто од сегашниот износ од 53 денари ќе се намали на 48,29 денари заклучно со 2020 г., со понатамошна тенденција на намалување на цената за правни лица.

Од први јануари водата за пиење е со пониска цена. Оваа цена значи намалување на загубите на вода и намалување на оперативните трошоци за ЈП „Исар“. Ние, граѓаните, имаме обврска за редовно и навремено плаќање на сметките и рационална употреба на водата“, изјави Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски