СДСМ Прилеп: Лицемерието на Марјан Ристески нема крај!

Од:

„Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот, дволичноста и лицемерието на градоначалникот во заминување Марјан Ристески нема крај! До кога Марјан Ристески ќе се задскрива зад други лица?
Дали Марјан Ристески има храброст лично да излезе, да ги посети, и на граѓаните од населбата Тризла 2, да им објасни што направил за нив? Нека собере храброст, и нека им објасни колку го чисти Дабнички канал и зошто секоја година домовите им се поплавуваат? Нека им ја презентира измислената водоводна мрежа на жителите од Три Багреми, кои живеат во картонски и лимени куќарки, се мијат во ископани корита во земја, пијат загадена вода, и се борат со разни зарази“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Нека ги посети лицемерот Ристески, истите овие прилепчани од Тризла2 и нека им објасни зошто им ја укинаја социјалната помош само дека собирале пластични шишиња. Нека им објасни како да го преживеат следниот ден! Нека ја посети, патем и Незакет Исмаилоска, па нека и објасни зошто наместо социјална помош, доби ќотек од обезбедувањето на центарот за социјални работи.
Па потоа нека им објасни зошто се вработуваат само роднини на партиските функционери на ДПМНЕ, како што е случајот со сестрата од пратеникот Димитар Стеваанџија, која ја вработи како професорка во средно медицинско.

Заради сето ова, секој ден жителите на населбата Тризла, доаѓаат во се поголем број на протестите. Ги повикуваме сите прилепчани, утре 12.01.2013 во 8:00 часот пред туристичко биро(Хотел Скопје), со организан превоз одиме во Скопје на марш за вистината, под мотото „Отпор против режимските лаги“.

За татковината се работи! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст