Лекарите не го поддржаа колективниот договор

Од:

Самостојниот Синдикат на Клинички Центри и други здравствени организации во Р.М. информира дека не се постигна согласност во однос на понудениот за потпишување како Анекс за измена и дополнување на Поединечниот Колективен Договор , дел за плати, а преговорите продолжуваат и во наредниот период.

„Ќе се продолжи со преговорите за потпишување на Поединечниот Колективен Договор , дел за плати на Универзитетските Клиники и Институти, Максилофасцијална хирургија , Институт за БЗ и ТБЦ, Психијатриска болница,,Скопје,,Скопје , ГОБ 8-ми Септември односно за сите наши членки и др. ЈЗУ од Р.М. кои ни се приклучија во штрајкот.

Штрајкот е во мирување.

Потпишаниот Гранков Колективен Договор не е подржан од Самостојниот Синдикат на Клинички Центри и др. здравствени организации во Р.М., заради тоа што тој не е во согласност со нашите интереси и на барањата заради кој што штрајкот беше организиран“, велат од Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство