Пред домовите на 5 грчки новинари во различни населби во Атина, синоќа биле поставени рачно изработени експлозивни направи.
Експлозиите предизвикале само мала материјална штета, без човечки жртви.
Властите се сомневаат дека се работи за организиран напад, од причина што сите 5 експлозии се случиле во рок од 1 час.
Мета на напаѓачите, кои засега се непознати биле Јоркос Икономеас од телевизијата МЕГА, Андонис Лиарос, поанешен новинар во МЕГА. Андонис Скилакос – директор на грчката новинска агенција. Петрос Карсиотис, новинар во телевизијата Алфа и Христос Констас, новинар во `Епендитис`.