СДСМ: Подготвени сме веднаш за дијалог со сите политички фактори

Од:

Опозициската СДСМ по денешната заедничка изјава на шефовите на мисиите на ЕУ и САД соопшти дека за надминување на актуелната политичка криза веќе дефинирале и јавно соопштиле рационален и конструктивен план, за чие остварување биле подготвени уште веднаш да почнат политички дијалог со сите политички фактори.

– Се согласуваме дека активниот политички дијалог е примарен постулат за надминување на сегашната политичка криза. Во таа смисла, како што изјавивме неколку пати до сега, повторуваме дека сме подготвени веднаш и во било кој формат да разговараме за можностите за што побрзо надминување на политичката криза. Исто така, се согласуваме дека во една нормална и функционална демократија, Парламентот е вистинскиот форум за адресирање и дебатирање на сите прашања. За жал, на 24 декември 2012 година, во македонскиот Парламент се случи флагрантно кршење на Уставот, собранискиот Деловник и досегашната парламентарна пракса, а пратениците на опозицијата и преставниците на медиумите со полициско насилство беа исфрлени од Парламентот. Ваквиот груб преседан го прави македонскиот Парламент нелегитимен, а тој легитимитет може да се поврати само на предвремени парламентарни избори, и тоа доколку истите бидат фер и слободни, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека исклучително ги ценат континуираните напори на ЕУ и на САД во насока на подобрување и целосна функционалност на демократските процеси во Република Македонија, но оти очекуваат и јасна осуда на, како што се посочува, „газењето на уставниот поредок, правната држава и демократските начела“.

– Стратешки приоритет на Република Македонија не може и не смее да биде само решавањето на спорот со Република Грција и деблокирањето на евро-атланските интеграции, туку „пред се’ заштитата на правата и слободите на граѓаните, зачувување на уставниот поредок и одбраната на основните принципи на демократијата, кои се цивилизациски вредности и главен предуслов за интеграција во ЕУ и НАТО, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници