ТМ: Општина Центар со највисок степен на транспарентност и отчетност за носење на одлуки

Од:

Транспарентност Македонија вршеше мониторинг од мај до ноември 2017-та година во четири општини: Центар, Битола, Тетово и Куманово.

Се испитуваше достапноста до информации, транспарентното донесување на одлуки, отчетноста и граѓанското учество во носењето на одлуките. Највисок индекс на транспарентност има општина Центар.

Достапноста на информации е највисока во Центар и во Битола, а се мониторирало дали општинскиот буџет е јавно објавен и лесно достапен, дали е објавен навремено, дали информациите кои се даваат кон граѓаните, невладините организации и приватниот сектор во однос на приходите и расходите се лесно достапни.

Исто така, предмет на мониторинг била достапноста на информациите за договорите и уделот на јавните општински финансии при јавни набавки, финансирање на граѓански организации, спортски клубови и културни манифестации.

Општина Центар покажала далеку најдобри резултати за достапноста на информациите за реализираните постапки при финансиските распределби, за донесените финансиски одлуки и во транспарентно носење на одлуки.

И во однос на отчетноста, општина Центар е највисоко рангирана во мониторираниот период.

Општина Центар може да се пофали и со степенот на граѓанско учество бидејќи според мониторингот општината се консултирала со граѓаните во процесот на донесување на буџетски одлуки, на информациите за буџетот, во однос на можноста граѓаните да учествуваат во планирањето и креирањето на општинскиот буџет, како и за соработката со невладините организации и граѓанскиот сектор.

Сите овие податоци се поттик за општина Центар да продолжи со транспарентно, отчетно и одговорно работење.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски