Скопските клиники со најбезбедна храна за пациентите во регионот

Од:

Пациентите на Клиничкиот центар во Скопје добиваат најбезбедна храна, подобро и посоодветно спакувана, дистрибуирана и испорачана во однос на онаа што ја нудат останатите најголеми болници во регионот, во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево и Подгорица, покажува истражувањето на невладината организација „Екстра здрава храна“ од Лесковац.

Според анализата што беше презентирана денеска, само скопскиот Клинички центар доставува пакувана храна според т.н. затворен систем и согласно ХАЦЦП стандардот, а оценката за хигиена и е 6, од 1 до 10.

Дневно се опслужуваат околу 1.500 пациенти, со три оброка кои чинат по 3,8 евра.

Во клиничките центри што беа предмет на испитувањето, како што рече Билјана Мециќ, престедател на невладината организација, храната се служи по т.н. отворен и полуотворен принцип што не е доволно безбедно. За дневен оброк на пациентите Клиничкиот центар – Љубљана наплаќа 12 евра.

-Пациентите на Клиничкиот центар во Скопје ја добиваат храната во специјални хетрметички затворени садови, додека хоспитализираните во болниците од регионот најчесто во големи термоси, порцелански или метални отворени чинии или затворени со капак, посочи Мециќ.
Квалитетот на храната ќе биде предмет на дополнителни анализи.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор