Градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков денеска подели 420 новогодишни пакетчиња на децата од градинките во општината.
– Нашата цел и обврска како општина се да направиме се, најмладите, оние кои ни се најбитни во животот, да се чувствуваат среќни, весели и да бидат успешни. За таа цел општината заедно со фирмата „Дуки-Дасо“ ги обезбеди овие пакетчиња за децата од двата клона во градинката, информираше тој.