Додик: Чудно е што опстанавме во последните десетина години

Од:

Најголемиот успех на Република Српска е што изминатава година успеа да се спротивстави на централизација на Босна и Херцеговина што се обидоа да ја спроведат Бошњаците со помош на странци, изјави претседателот Милорад Додик.

Рече дека Српска годинава се соочила со сериозни економски потешкотии кои во голема мерка биле предизвикани од глобалните движења.

Покрај тоа, претседателот на Република Српска нагласи дека концептот на либерална економија, лошата приватизација и штетата од поплавите во голема мерка придонеле за лошата состојба, но дека Република Српска се извлекува од таквата состојба.

„На ова во прилог одат и капиталните инфраструктурни вложувања во Српска, 110 километри долгите автопатишта, најавената изградба на нови делници, најавата за градење термоелектрана, завршетокот на Клиничкиот центар Бањалука“, наведе Додик.

Говорејќи за економијата и задолжувањата, Додик истакна дека веќе долго време нема задолжување во областа на јавната потрошувачка, туку само за инфраструктурни проекти.

Претседателот на Српска напомена дека во бирото за вработување нема ниту еден електроинженер, градежен или машински инженер и дека младите луѓе во најголем дел завршиле менаџмент на приватните факултети.

„Мислам дека право чудо е тоа што опстанавме политички и економски во последните десетина години“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница