Околу половина од светската храна – две милијарди тони, завршуваат во ѓубре, покажа истражувањето на еден Британски институт кое го пренесува БиБиСи.
Фрлањето храна во ѓубре е последица на лошото чување на намирниците, строгите прописи на продажбата до точно одреден датум, на прекумерната количина на нарачани производи и избирливоста на клиентите, покажа студијата на Институтот за индустриски инженери.
Истражувањето покажа дека околу 30 отсто од зеленчукот во Велика Британија не се бере или собира, исклучиво поради изгледот кој не ги исполнува критериумите на големите трговски синџири.
Секоја година во ѓубре завршуваат помеѓу 30 и 50 проценти од четирите милијарди тони храна произведена во целиот свет, а највеќе во европските земји и САД.