ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година

Од:

Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, објавува ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај.

ТУИ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот тур-оператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид. Ајндховен е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница.

– Среќни сме што ТУИ ги проширува своите операции носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од други европски земји, коишто ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на ТУИ, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година.

– Веќе сообраќаме на линијата Амстердам–Охрид, а сега ќе почнеме со летови од Ајндховен до Охрид, двапати неделно, односно секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември. Главната причина за воведување на оваа сезонска линија е поради тоа што сакаме да привлечеме туристи и од Белгија. Сигурни сме дека можеме да го прошириме пазарот, изјави Жак Кријнон, продукт-менаџер во ТУИ Бенелукс.

ТАВ Македонија ги заврши првите 11 месеци од 2017 година со 13% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9 милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома – Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за 7%, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ