Триесетгодишниот С.М. од Скопје е потешко повреден во сообраќајка што се случила ноќеска на полноќ на булеварот „Србија“ кога изгубил контрола над патничко возило „Мерцедес“ со кое управувал и удрил во бандера и билборд.
По несреќата интервенирала и Противпожарната брогада со две возила и пет пожарникари.
С.М., како што информираат од МВР, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и бил во животна опасност.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.