Договорено збратимување на општина Центар со централната општина во Сараево

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, остварил средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ во нејзината резиденција, на којашто било договорено потпишување на спогодба за збратимување на општина Центар со Централна општина во Сараево.

Од општина Центар преку соопштение информираат дека Бабиќ му ја честитала на Богдановиќ победата на локалните избори и му посакала успешен мандат.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и се согласиле дека за Република Македонија е приоритет да продолжи со реформските процеси на сите полиња и со досега успешните чекори на патот кон ЕУ и НАТО.

Од Центар информираат дека била договорена соработка во повеќе полиња.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила