Презентација на студија на опсег за различни форми на сексуално насилство

Од:

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска ќе ја презентира изработената „Студија на опсег за различни форми на сексуално насилство во Република Македонија“.

Од Националната мрежа информираат дека студијата ја изработиле со цел добивање сознанија за тоа колку сексуалното насилство и сексуалното вознемирување се препознава во нашата земја, како и за тоа колку и како се реагира при случаи на сексуално насилство и вознемирување.

За изработка на студијата биле добиени информации од институциите, биле спроведени онлајн прашалник, индивидуални интервјуа и фокус групи со релевантни претставници од институциите и граѓанските организации.

Сексуалното насилство и сексуалното вознемирување се видови родово базирано насилство кои најмалку се препознаваат кај нас, а со кои жените и девојките секојдневно се соочуваат, посочуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката