Најстуденото место во светот, со просечна температура од -50 степени е најверојатно сибирското село Ојмјакон, длабоко во тундрата на Сибир. Во селото живеат околу 500 жители, а најниската измерена температура била -68 степени.
Во текот на летото, температурата се искачува 20 степени, а поради северната географска широчина деновите траат и по 21 час.
Во зима селото е постојано под мраз и снег, а од кога се мери температурата, не е забележано искачување над нулата во периодот од 25 октомври до 17 март.
Поради ниските температури занимавањето со земјоделство е невозможно, па жителите најчесто се хранат со месо.
Името на селото Ојмјакон на јазикот на локалниот народ Евен значи „место каде што водата не замрзнува“ и покрај поларните температури.