Заев со претставници на Црногорската Заедница во земјава: Македонија чекори по правиот пат

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Борис Попивода, претседател на Црногорската Заедница во Република Македонија и со претставници на заедницата. Претседателот Попивода и претставниците на Црногорската Заедница во Република Македонија оценија дека Република Македонија веќе чекори по вистинскиот пат и изразија поддршка на демократските и развојни политики на премиерот Заев и на Владата на Република Македонија.

Тие констатираа дека клучно за просперитетот на државава се политиките на заедништво и помирување на граѓаните, независно од каква било етничка определба и додадоа дека премиерот Заев и новата Влада обезбедуваат таква клима што води кон прогрес.

-Ние водиме отворени политики на градење едно општество за сите, со шанси за сите граѓани, како и градење пријателства, и дома и во регионални и меѓународни рамки. Стратешки цели на државата се ЕУ и НАТО. Интеграциите ќе значат и охрабрување инвеститори и подобрување на економијата во земјата, а тоа е важно за квалитетот на живот на сите луѓе во Македонија. Благодарам на Црногорската Заедница во Република Македонија за конструктивната улога во сите важни процеси за напредокот на државава, рече премиерот Заев.

На средбата посебно се обрна внимание на можностите за економски развој на државата и придонесот што може да го даде Црногорската Заедница во Република Македонија низ продлабочување на соработката, а нагласена е и важноста на реформските процеси за воспоставувањето правна држава и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски