Кривична за поранешниот градоначалник на Кочани за злоупотреба на службена положба

Од:

Против поранешниот градоначалник на Кочани Р.Д.(61) поднесена е кривична пријава од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Пријавениот, како градоначалник на Кочани, од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општината, склучил Договор за вршење јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани, врз основа на којшто, за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за 3.000.690 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи