Елефтеротипија: Невработеноста во Грција до крајот на годината ќе достигне 38,4 проценти

Од:

Во октомври минатата година стапка на невработеност во Грција изнесувала 26,8 проценти, соопшти нациооналната статистичка служба ЕЛСТАТ.

Весникот „Ангелиофорос“ објави дека минатата година секој ден без работа останувале околу илјада лица. Од октомври 2011 до октомври 2012 година без работа останала приближно 370.000 луѓе. Бројот на невработени се искачил на 1,34 милиони луѓе, од кој најголем број во Солун.

„Елефтеротипија“ пишува дека невработеноста минатата година пораснала за седум отсто и ако се задржи таквото темпо до крајот на 2013 година ќе достигне 38,4 проценти.

Весникот „Та неа“ наведува дека основен проблем на грчкото општество е невработеноста бидејќи има домаќинства каде ниту едно лице не работи, а половината од младите се надвор од пазарот на трудот. Весникот апелира да се интензивира битката против невработеноста со повеќе средства од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната