ЈСП ќе воведе систем за автоматска наплата на билети

Од:

Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објави јавен повик за набавка на систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите, соопшти Градот.

Според повикот, предмет на набавка ќе биде систем за автоматско лоцирање на возилата, a информациите за нивното движење по коловозите граѓаните ќе ги следат на дисплеите што ќе бидат поставени на постојките и ќе можат да се информираат за колку време автобусот ќе се пристигне на постојката.

Исто така, ќе се набави и систем за електронска наплата во автобусите што ќе овозможи поефикасна наплата на билетите и побрз проток на патниците.

ЈСП договорот ќе го склучи за период од 36 месеци, сметано од денот на неговото потпишување.

Заинтересираните правни субјекти понудите треба да ги достават најдоцна до 28 февруари 2013 година во 13:00 часот.

Би можело да ве интересира

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје