Минисерството потпиша договор, лекарите специјалисти не го прифаќаат

Од:

Анексот на Колективниот договор што го потпишаа доцна синоќа министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, кој го претставија како надминување на состојбите по неодамнешниот штрајк на лекарите, всушност не е потпишан од Самостојниот Синдикат на Клинички центри.
Со него е предвидено плаќањето по учинок да се спроведува при формирање на висината на платите. Специјалистите ќе добијат зголемување на платите од 19,2 проценти во период од 15 месеци.

Но колективниот договор кој министерот Тодоров го потпишал не бил истиот кој бил ветен кога штрајкот бил ставен во мирување и затоа синдикалците решиле да не го потпишат понуденото

Според нив, штрајкот засега нема да продолжи но ќе настојуваат да го добијат договореното со министерот Тодоров.

Според договореното со Синдикатот на Каранфиловски, кој и не штрајкуваше, проектот ќе се модифицира со квартална пресметка што значи дека учинокот ќе се пресметува на секои три месеци и специјалистот ќе зема плата по учинок како просек од трите последни месеци со што ќе се отвори поголема можност за корекција.

Утврдена е и обврска директорот да му укаже на здравствениот работник кој имал помала работна успешност и да му овозможи да оствари 100 проценти плата, воведен е и администратор кој ќе го врши целокупниот внес на интервенции за да не се оптоварува здравствениот работник со административни работи.

Специјалистите добиваат зголемување на платите во висина од 19,2 проценти во период од 15 месеци. Веќе од февруари специјалистите ќе добијат зголемени плати за 4,8 проценти. Второто зголемување од 4,8 проценти ќе биде во октомври, а во мај следната година платите ќе се зголемат за уште 9,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство