Затворени Инстаграм и Фејсбук профилите на Кадиров

Од:

Чеченскиот претседател Рамзан Кадриров остана без своите Фејсбук и Инстанграм профили откако социјалните мрежи се одлучија да му ги затворат. Тој имаше преку 3 милиони следбеници на Инстаграм и околу 760 илјади на Фејсбук.

Кадиров е редовен корисник на Инстаграм и често споделува фотографии и вести за Чеченија и за неговото семејство.

Во средата, американското Министерство за финансии го стави Кадиров на листата на санкционирани лица под „Законот Магнитски“. Американските претставници го обвинија Кадиров дека ја „надгледувал администрацијата поврзана со исчезнувања и неоправдани убиства”.

Претседател на руската Дума, Вјачеслав Володин рече дека со бришење на профилите, социјалните мрежи им го укинуваат правото на граѓаните да го слушнат мислењето на блогерите и комуникацијата со нив.

Се плашат од јавни расправи и вистината. Таквите одлуки не може поинаку да се објаснат. Работата е во тоа што, за да читате објави на некој блогер, мора прво да го следите. Бришењето на профилите, го укинуваат правото на граѓаните да го знаат размислувањето на блогерите и да се комуницира со нив, вели Володин.

Би можело да ве интересира

Беспилотно летало го погодил рускиот Универзитет за специјални сили Спецназ

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија во Чеченија

A1on

Советот на ЕУ одлучи мајката на Рамзан Кадиров да ја стави на листата на санкционирани лица

Ќе ги испратиме сатанистите во пеколот – Кадиров му се заканува на Израел

ВИДЕО: Синот на Кадиров познат по претепувањето затвореник доби орден „Херој на Чеченија“