Нетанјаху: Израел ќе се повлече од УНЕСКО до крајот на следната недела

Од:

Израел ќе се повлече од УНЕСКО кон крајот на следната недела, најави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Повлекувањето на Израел од организацијата Нетанјаху го најави уште во октомври, по излегувањето на САД поради „антиизраелска пристрасност“.

– Му наложив на Министерството за надворешни работи да се повлечеме од УНЕСКО кон крајот на неделата, изјави Нетанјаху на почетокот на денешната редовна владина седница и додаде дека според него тоа е неопходно „со оглед на пристрасниот и едностран однос на организацијата кон Израел, но како и позадина на цврстата позиција на САД во ОН, која израелските власти ја поздравуваат“.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег