Шест борци на терористичката група Исламска држава беа денеска убиени од страна на ирачките сили за безбедност во градот Мосул.
Тие биле ликвидирани во операција во Мосул, во која се уапсени уште, засега непознат број, на нивни соучесници.
Мосул, кој е најголем град во северен Ирак, е поранешен бастион на ИД и пред извесно време беше ослободен од џихадистите.