Пратеникот од редовите на СДСМ, Томислав Тутев на првиот ден, од петте дена расправа за предлог-буџетот за 2018 година, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се појават на пленарната седница, бидејќи треба да има финансиска стабилизација на државата.
„Жалосно и празно е да дебатираме доколку опозицијата не е во Собраниската сала, за она што значи живот и опстојување на сите граѓани. Станува збор за најважниот економски документ. Се надевам дека опозицијата ќе смогне сили да дојде да дебатира, бидејќи првиот ден започна дебатата и по прв пат парламентарното мнозинство, односно Владата прифати шест амандмани од опозицијата. Ова е дополнет предлог-буџет затоа што ги содржи прифатените амандмани“, рече Тунтев.
Тунтев предлог-буџет го нарече ослободен од непродуктивни ставки, а притоа, според него, за прв пат не бил напумпан и со лажни бројки. Според пратеникот, овој буџет носел, односно враќал вредност.
К. Л.