На претстојниот автосалон во Детроит ќе биде промовиран Dodge Dart GT 2013.
Dodge Dart GT 2013 со елементи од спортска суспензија, 18-инчни тркала, кожен тапацир на седиштата, LED задни светла, мултимедијален систем со 8.4 инчен дисплеј.
Спортскиот автомобил е опремен со 2.4 литарски Tigershark MultiAir четирицилиндерски мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 184 КЅ.
Спортскиот Dart GT 2013 ќе се нуди со шестстепена механичка менувачка кутија, а по желба на клиентот може да се добие и автоматски шестбрзински PowerTech.