Кривична пријава за инспектор од Кочани за злоупотреба на службената положба

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против З.С. вработен како инспектор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 335 став 2 а во врска со член 45 од КЗ на РМ.

– Пријавениот, со непревземање на службени дејствија во рамките на овластувањата дозволил да застарат кривични пријави со што предизвикал штета на засегнати граѓани од 409.000 денари, наведуваат од МВР.

Против полицискиот службеник е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он