Од утре, на плоштадот „Македонија“ започнува новогодишниот базар под мотото „Улицата на радоста” кој на посетителите ќе им понуди рачно изработени предмети, пригодни подароци, топли напитоци, вкусна храна и уште многу други содржини.
Новогодишниот базар е во соработка со Здружението на граѓани Мата (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае се до 31 декември до попладневните часови, велат од Град Скопје.
Од 28 декември, на најрадосната улица најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.
И годинава, на 31 декември точно во 12 часот на пладне, традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија. И овој пат ќе се потрудиме тоа да биде на необичен начин и да биде изненадување за сите деца.