Во голема сала на општина Бутел, синоќа се одржи ораторската вечер на учениците од седумте основни училишта од општината.
Триесетината основци кои учествуваа во проектот „Млади лидери на заедниците“ на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), кој се реализираше од крајот на месец август, ја приредија завршната, ораторска вечер за наставниците, родителите и граѓаните на општина Бутел.
Нивните настапи беа посветени на три актуелни теми – новите технологии – компјутерите и мобилните телефони, интернетот и социјалните мрежи и тестирањето на лековите врз животните.