Владимир Варелов, чиј идентитет го украл Грујевски, се појави во суд

Од:

Еден од обвинетите во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ е Владимир Варелов, чиј идентитет го украл Горан Грујевски за да патува надвор од Македонија. Варелов и Грујевски биле колеги во УБК.

Варелов денеска беше присутен во судницата на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ кое беше одложено поради отсуство на еден од адвокатите.

Пред неколку месеци во јавноста беа објавени информации дека екс-началникот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, кој исто така е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ имал уште еден идентитет под името Владимир Варелов со кое патувал надвор од земјата.

Грујевски заедно со Никола Бошковски се во притвор во Солун. Тие денеска ќе ја слушнат одлуката на Судот дали ќе бидат екстрадирани во Македонија. И двајцата беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Ново рочиште за „Таргет-Тврдина”

Ана Ололовска

Верушевски редовно доаѓа на работа во Владата и зема плата

Васко Маглешов

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е со други затвореници во ќелија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков барал спас во амнестијата на Иванов, судот го одби

Ана Ололовска

Дескоска: Официјално не е пристигната пресудата на грчкиот Врховен суд за Грујевски и Бошковски

Ана Ололовска

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 31 август, на Јанкулоска, Грујевски и Бошковски ќе им се суди одвоено

Ана Ололовска