Анѓушев се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон: Мерките од Планот за економски раст можност за инвеститори од Шведска

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Н.Е. Матс Арне Стафансон.

Вицепремиерот ги презентираше мерките од Планот за економски раст и потенцираше дека со мерките, Владата овозможува поддршка подеднакво за странски и домашни компании, притоа ги покани шведските компании да инвестираат во Македонија. Охрабрувачки е што симулациите кои се направени покажуваат дека со новата економска програма ќе им биде обезбедена уште подобра поддршка на странските компании кои ќе инвестираат во Република Македонија, а притоа директно ќе се влијае на создавање на одржлив и побрз економски раст на македонската економија.

Соговорниците се согласија дека мерките се значајни за поттик на економијата, како и за тоа дека за економски раст потребно е да биде обезбедно владеење на правото и стабилна политичка состојба.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица