Пронајдено возилото од кое беше убиено 24-годишно момче во Чаир

Од:

Полицијата го пронашла автомобилот од кој вчера непознат напаѓач го застрела 24-годишниот Бурим Идризи. Неофицијално, автомобилот бил пронајден во Чаир.

Дваесет и четиригодишно момче синоќа им подлегна на повредите кога било пукано во него од возило во движење на улицата Џон Кенеди во Скопје. Тој беше пренесено на Ургентниот центар, без знаци на живот, а врз него извршена била 45-минутна реанимација, која завршила безуспешно.

Убиството се случило околу 18 часот на улицата Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Неофицијално, засега непознати лица со автоматско оружје „АК-47“ пукале кон момчето што излегувало од своето „југо 45“ на автобуска станица, во близина на средното училиште. Полицијата ги утврдува мотивите за убиството и трага по извршителите.

Според Обвинителството, на убиството во Чаир му претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот. Сторителот откако пукал и го усмртил 24-годишното момче, се дал во бегство, а по наредба на јавен обвинител се подигаат траги од самото место, кои ќе бидат предмет на обработка.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски