260 нови „рамковни“ вработувања

Од:

Оглас за вработување на нови 260 административци објави денеска Секретаријатот за Рамковен договор, пишува „Капитал“.

Советници за општи работи, раководители и помошници раководители на разни сектори, виши и помлади референти, координатори, стратези, се профилите кои и се потребни во Владата, а заинтересираните за вработување во државната управа имаат рок од 8 дена за да се пријават.
Пријавените кандидати на јавниот оглас, од Секретаријатот ќе бидат известени кога и каде ќе се одржи испитот за државен службеник, како и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.

Експертите кои ги консултирал „Капитал“ апелирале дека овој начин на злоупотреба на Рамковниот договор, колку што е погоден за политички партиски поени, толку е штетен за државата и за македонската економија.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска