Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон, кој подолго време престојува во Белгија, ќе биде уапсен во моментот кога ќе стапне во Шпанија, тврди шпанскиот весник „Паис“.
Според весникот, токму поради тоа, доколку Пуџдемон се обиде да се врати во земјата, ќе биде зголемен бројот на полициски службеници на граничниот премин меѓу Шпанија и Франција, на територијата на Каталонија.
Шпанската Влада побарала поддршка од Франција, така што земјата ќе го предаде поранешниот каталонски лидер на Шпанија „за еден час“ ако биде уапсен на француска територија, наведува „Паис“.