Убиено 24-годишно момче во Чаир

Од:

Од возило во движење попладнево било убиено 24-годишно момче на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.

Момчето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Неофицијално, засега непознати лица со автоматско оружје „АК-47“ пукале кон момчето кое излегувало од своето „Jуго-45“, на автобуска станица, во близина на средно училиште.

Од МВР известија дека инцидентот се случил околу 17:40 часот, а на местото на настаот увид извршија полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче