Брегзитот може да биде одложен, но само при вонредни околности, најави британската премиерка Тереза Меј. Со тоа таа се согласи да измени во законот за Брегзит, со цел да се избегне бунт на пратениците против неа.
Со измената се можни промени на датумот за излегување, кој е закажан за 29 март 2019 година.
– Ја прифативме измената, но можам да го уверам Парламентот дека ние ќе го искористиме таквото овластување само во исклучителни околности и во најкус можен рок, истакна Меј во Парламентот.