Унгарскиот вицепремиер најави дека Унгарија ќе стави вето на одлуката за активирање на членот 7 од Лисабонскиот договор против Полска за реформите во праводуството, бидејќи тоа сериозно го нарушува суверенитетот на земјата.
Солт Семјен оцени дека е неправедно што Европската комисија не презела ништо против одредени европски земји кои ги кршат европските договори, а покренуваат политички мотивирани постапки против Полска.
– Тоа е типичен пример на двојни стандарди. Она што го прави Европската комисија е спротивно на европските вредности. Полско-унгарското пријателство не обврзува да се спротивставиме на потегот на Комисијата на сите форуми, истакна Семјен.