Судскиот совет разреши судија поради нестручно и несовесно работење

Од:

Судскиот совет на денешната седница, која беше затворена за јавноста, донесе решение со кое разреши судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Неофицијално, станува збор за охридскиот судија Ристо Сиљаноски, кој правосилно е осуден за примање мито.

Советот ја одложи расправата по барањето на поранешниот апелационен судија Јордан Митриновски за повторување на постапката за разрешување кога Судот во Стразбур констатира повреди во постапката поради гласањето на Јово Вангеловски, кој ја иницирал постапката и гласал во Советот.

На денешната седница не присуствуваше Јово Вангеловски, кој и сега е претседател на Врховниот суд, а со тоа и член на Судскиот совет. Советот не соопшти од кои причини е одложено одлучувањето. Советот донел решение за запирање на постапката поведена по поднесено барање за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција за друг судија.

На седницата било донесено решение за престанок на судиската функција на Оливера Китанова-Мицевска, судија на Врховниот суд, која почина минатата недела. Било донесено и решение за престанок на судиска функција на Борис Чамовски, судија на Основниот суд Струмица, поради исполнување услови за старосна пензија.

Би можело да ве интересира

Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Катерина Ѓуровски

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Катерина Ѓуровски

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно, предвидува предлог-законот

Катерина Ѓуровски

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска